Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Владата ги замрзна цените на 11 видови овошје и зеленчук

Скопје, 3. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата донесе одлука за определување на највисоките цени за вкупно 11 видови овошје и зеленчук што претходно беа најавени.

Оваа одредба ќе важи од 5-ти април до крајот на месецот, а се однесува на свежи доматите, свежи краставици, кромидот, карфиолот, свежи зелени пиперки гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, соопшти на денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

– Доматот не може да се продава повеќе од 70 денари, краставиците над 75 денари, кромидот повеќе од 60 денари, карфиолот 70 денари, пиперки 90 денари, грав 75 денари, леќа повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 70 денари, портокали не повеќе од 55 денари, мандарините 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари, рече Бектеши.

Можно е да е слика од 1 лице

Овие производи се избрани бидејќи анализите покажале дека кај некои имало големи маржи што достигнувале 200 до 250 %.

Додаде дека согласно сите информации и анализи цените, посебно на прехранбените производи, особено енергенсите, се стабилизирани и имаме надолен тренд споредено со претходните месеци и со претходната година.

Министерот ги повика сите трговци на овошје и зелечук и малопродажни маркети целосно да ја почитуваат одлука и очекува од почетокот на мај, кога ќе почне и домашното производиство да има повеќе роба и да има намалување на цените. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука