Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Бројна охридска екипа на новата песна на Александар Јосифовски – „Пусте ночи“ (Видео)

Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како што најави неодамна, младиот охридски музичар Александар Јосифовски ја објави новата песна „Пусте ночи“.

– Песната е напишана од Григор Копров. Текстот е делумно мој, а дел го напиша мојата драга Сања Ќулибрк, која се потруди со сите сили да и’ даде личен печат, рече Александар неодамна и откри дека во новата песна ќе покаже како може да изгледа секоја љубов кон една жена.

На песната работеше и бројна охридска екипа, како бендот на Александар French Olives, хорот Vox Lihnidos, како и Кристијан Љушев и Даниел Јовески, кои се погрижија за видео спотот.

Поранешниот учесник на шоуто „Ѕвезда Гранда“, Александар Јосифовски неодамна го објави дуетот со колешката Белма Хусеинефендиќ, а песната за многумина беше големо изненадување. Дуетската нумера наречена „Воли ме ко себе“, како и видеото снимено во Охрид, наиде на лавина позитивни реакции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: grand.nova.rs

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука