ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро останува далеку под просекот за овој период од годината

Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму останува под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,28 м.н.в, што е за 29 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в), односно 18 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8 степени и е за 2,3 степени пониска во однос на месечниот просек.

Нема опис за фотографијата.

Иако од минатиот месец езерското ниво е во константен раст, сепак тоа не е доволно да се достигне месечниот просек.

Колку за споредба минатиот април езерскиот водостој го достигна просекот за овој период од годината, а имаше и ситуација во 2018 година кога езерското ниво ја достигна и критичната кота од 694 м.н.в.

Нема достапен опис

Април 2018

Нема достапен опис

Април 2018

Нема достапен опис

Април 2023

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од утре до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука