Забава Избор

Thomas Bangalter проговори за вистинската причина за разделбата на Daft Punk

Лондон, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Thomas Bangalter, еден од двајцата основачи на Daft Punk, проговори за вистинската причина за разделбата на дуото во 2021 година.

Во интервју за BBC, тој објасни дека заедно со вториот член на Daft Punk, Guy-Manuel de Homem-Christo, едноставно ги потрошиле ликовите на роботите.

– Daft Punk беше проект кој ја замаглува границата помеѓу реалноста и фикцијата со тие роботски ликови. Беше многу важно за мене и за Guy-Manuel да не ја расипеме приказната додека се’ уште траеше. Но, сега кога приказната заврши, интересно ми е да откријам дел од креативниот процес, кој во голема мера се заснова на луѓе, а не на некаков алгоритам, вели Bangalter, кој за BBC додава дека сака односот меѓу човештвото и технологијата да биде „апсолутен“ и дека е загрижен за порастот на влијанието на вештачката интелигенција во реалниот живот. „Тоа беше истражување, би рекол, почнувајќи од машините и продолжувајќи. Ја сакам технологијата како алатка, но некако сум преплашен од природата на односот помеѓу машините и нас самите“.

Тој додава дека одлуката да ги отфрли шлемовите е начин да се дистанцираат од технологијата, а сега сакаат да го откријат реалниот свет и што се случува зад сцената, нешто што Bangalter вели дека не би го направил доколку не се разделеле.

– Мојата загриженост за порастот на вештачката интелигенција ја надминува нејзината употреба во создавањето музика. Ликот на роботот речиси го сметам за уметничка инсталација на перформансот на Марина Абрамовиќ што траеше 20 години. Колку и да го сакам овој лик, последното нешто што би сакал да бидам, во светот во кој живееме, во 2023 година, е робот, дециден е Bangalter. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука