Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Премиера на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ на Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“

Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 6-ти април 2023 година, со почеток во 20:00 часот, со премиера на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“, по шестмесечна работа, Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“, ќе се претстави пред охридската публика.

Режијата е на Ирена Стеријовска, драматургијата на Кристина Тодороска- Петреска, а стручен сорботник е Зоран Левески. Светло мајстор е Борис Велјаноски, а ментори Зоран Пејкоски, Ѓорѓи Ризески, Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.

Репризата на претставата е предвидена за петок, 7-ми април 2023 година со почеток во 20:00 часот.

Билетите се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука