Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Захарија

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат Денот на Преподобен Захарија.

Син на Карион Египќанецот, којшто ги остави жената и децата и се замонаши, само синот Захарија го зеде со себе, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, Захарија се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата внатрешност.

На прашањето на свети Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестано се принудува себеси на заповедите Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече: „Ако човекот не се смири и понизи себеси, не може да биде монах!“

Беше големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука