Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавен Јавен повик за субвенции за набавка на клима уреди за 2023 година

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е објавен Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред за 2023 година.

– Општина Охрид со цел да ги стимулираме жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2023 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, објавија од Општина Охрид.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука