ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворена лабораторијата за истражување на растителни и животински видови во НП „Галичица“

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Отворена новата лабораторија наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и на работата на НП „Галичица“ во редовните мониторинг активности.

Оваа активност е во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во НП Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT , а спроведуван од страна на истражувачкото друштво „Урсус Спелеос” и Црвен крст Охрид.

Лабораторијата е опремена со соодветна опрема, микроскоп, флакони, епрувети, епендорфи, пинцети, мензури, стаклени чашки, петриевки и слично.

На отворањето беа презентирани активности во полето на еколошка едукација, тригодишниот проект од страна на Црвен Крст – Охрид и истражувачките активности кои се спроведуваат поврзани со пештерските екосистеми од страна на друштвото „Урсус Спелеос“ од Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука