Забава Избор

Денес секој е Dj: Pioneer објави надградба на апликацијата rekordbox iOS

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Не дека не знаевме и дека не е толку пати докажано, но денес секој е Dj. Тука помага и Pioneer од каде објавија голема надградба на својата апликација rekordbox iOS, верзијата 4.0 која нуди голем број нови функции и подобрувања.

Оваа бесплатна апликација им овозможува на корисниците да користат само iPhone или iPad за да контролираат мноштво ефекти или да ја поврзат апликацијата со сет на DDJ или CDJ. Верзијата 4.0 ги поддржува и TIDAL и SoundCloud со дополнителна услуга за претплата, а апликацијата исто така дозволува користење на музика што не е зачувана на уредот користејќи Cloud Library Sync, дополнителна платена услуга што се поврзува со сметка на Dropbox.

– Миксајте песни од вашата плејлиста во секое време, секаде. Сега можете да ја користите апликацијата во живо, со повеќе карактеристики за изведба под вашите прсти. Исто така, сите функции во апликацијата се „лесни за користење со една рака“, што ви овозможува да креирате плејлиста и да миксате, скратите или додавате ефекти. Апликацијата исто така може да поврзува додатоци како DDJ-и преку USB или Bluetooth и да користи музика од мобилниот телефон, пишува на веб-страницата на rekordbox.

Иако апликацијата е надградена за iOS, корисниците сè уште можат да ја користат со Android, иако поддржаната репродукција на стриминг од TIDAL нема да работи. Исто така, нема да бидат поддржани голем број функции за изведба на DJ и поврзување со физичка опрема како што е DDJ-FLX4. Дополнителни функции за изведба може да се додадат за плаќање, додека претплатата во апликацијата се вели дека „овозможува мноштво“ дополнителни ефекти.

Дознајте повеќе за надградената апликација rekordbox на Pioneer DJ ТУКА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука