Економија Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Туристичките потенцијали на охридско-струшкиот регион презентирани на саем во Тирана

Тирана/Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристичките потенцијали на охридско-струшкиот регион како и новите концепти на туристичка понуда во државава се претставуваат на Интернационалниот саем за туризам Expo tourism во Тирана, Албанија.

– Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби. Учесниците од различни земји го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија итн, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука