Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријава за жител на Велешта поради бесправна надградба на деловен објект

Струга, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 54-годишниот Л.И. од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, во текот на февруари 2023 година, на катастарска парцела во Струга, неовластено, без соодветна документација, спротивно на закон и на основниот проект, започнал со изведување на надградба на деловен објект. Од извршениот инспекциски надзор донесено е Решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани надградбата на деловниот објект, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука