Забава Избор

Прилепските рокери The Hounds снимија спот за одличната „Куку“ (Видео)

Гостивар, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најпознатите прилепски рокери, одличните The Hounds го објавија спотот за новата песна „Куку“, која е дел од нивниот втор по ред студиски албум, кој го промовираа минатата година, за нивниот 14-ти роденден.

Музиката и текстот ги потпишаа самите членови на бендот, спотот во кој се појавува актерот Зоран Иваноски е дело на „Студио 163“, a режијата е на Јосиф Трајкоски.

Синглот е работен во студиото „Devils Eye Studio“ на Јордан Манов. Покрај прилепскиот квартет, како гости се појавуваат познати музички имиња од Македонија, како Весна Малинова, Николче Мицевски, Бранислав Николов (Пијан Славеј) и Дамјан Пејчиноски.

The Hounds претходно го издадоа албумот „Кај ни се срцата?“, а најавуваат дека работат на нов материјал, односно ЕП што треба да се појави до крајот на оваа година. (Крај)

извор: Радио Г Радио Г

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука