Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 10. степени

Охрид, 9. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Локални врнежи од дожд ќе има и утре. Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука