Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 9 часа во Охрид наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 9. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), во текот на изминатите 9 часа (до 17:00 часот), во Охрид се измерени вкупно 10 литри дожд на метар квадратен.

Во Демир Капија наврнаа 11 литри на м2, 8 во Претор, 7 во Виница и Пожаране, 5 во Крива Паланка, 3 во Маврови Анови, 2 во Тетово, Битола, Штип, Крушево, Лазарополе и Тополчани и 1 литар на м2 во Гевгелија, Прилеп и Берово.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Локални врнежи од дожд ќе има и утре. Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука