Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Повторно опожарена трска во езерскиот појас од Струга кон селото Калишта

Струга, 10. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти април 2023 година, во 01:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, покрај крајбрежието на Охридското Езеро, околу патека која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација.

– Повредени лица нема, а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука