Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. Марко Исповедник

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29-ти март, денот кој православните христијани го одбележуваат во чест на Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.

Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета.

Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука