Избор Култура

Комедијата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников пред охриѓани

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Народен Театар Охрид ја носи гротескната комедијата во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников пред охриѓани.

Предпремиерата е закажана за утре, среда, 12-ти април од 20:00 часот, а премиерата е еден ден подоцна, во четврток, во истиот термин во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Билетите се продаваат по цена од 250 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука