Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Продолжениот Велигденски празничен викенд ќе донесе бројни гости во Охрид

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот Велигденски празничен викенд се очекува да донесе зголемен број посетители во туристички Охрид.

Според најавите од хотелиерите, сместувачките капацитети ќе бидат половично исполнети. Ако на ова се додаде и големиот број домашни гости, особено оние кои имаат сопствени станови во Охрид, сепак ќе имаме солидна исполнетост за најголемиот христијански празник во Охрид.

Туристичката сеозна на охридско-струшкото крајбрежје официјално почнува од 1 мај, а кон средината на месецот се очекуваат првите чартер летови со туристи од Холандија, кои и годинава ќе да бидат најбројни. Покрај холанѓаните се очекуваат чартери и од Полска, Турција, Србија и други традиционални пазари, како и воспоставување нови авио линии.

Од 1 април започнa и летниот ред на летови, кој носи нови летови и авиолинии од домашните аеродроми. Од јуни Air Serbia ќе сообраќа на релација Белград-Охрид четири пати неделно. Тука се и традиционалните дестинации до кои се лета во текот на летната сезона, Амстердам, Мастрихт, Варшава и Катовице. Според актуелниот ред на летање од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции, што завршува во петок 31-ви март.

Метеоролозите за викендов најавуваат променливо облачно време со можни локални врнежи од дожд. Велигден и први мај секогаш се најава за престојната туристичка сезона во Охрид. Да се надеваме дека ќе имаме успешна сезона, исполнета со бројни гости во преубавиот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука