Забава Избор

Стендап шоу „Да БолиТ“ во петок, на 21-ви април во клуб Rebel

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Никола Тодороски и клуб Rebel ве покануваат на незаборавно стендап шоу „Да БолиТ“ во петок, на 21-ви април во клуб Rebel.

По повод 12 години од првото стендап шоу на Никола уште една изведба на последното негово соло шоу во еден ваков неверојатен простор. Специјални гости кои ќе се погрижат за вжештување на атмосферата: Илија Богданоски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Зоран Донев.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 21:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука