Економија Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Корисниците на приватно здравствено осигурување преку Кроација осигурување ќе користат бесплатна физикална терапија во „Валео“

Охрид, 12. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за физикална терапија „Валео“ од Охрид информираат дека склучиле договор за соработка со Кроација осигурување.

– Сите корисници на приватно здравствено осигурување, кои имаат потреба од физикална терапија, истата ќе можат да ја изведуваат во „Валео“ целосно БЕСПЛАТНО и без никаков надоместок, притоа исполнувајќи ги условите за користење на приватно здравствено осигурување, информираат од „Валео“.

Повеќе информации на телефонот 071/506-818 или во контакт центарот на Кроација осигурување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука