Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 13. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Денес времето ќе биде сончево и топло. Утре под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час). Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука