Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Одличен настап на охридските стрелци на Mеѓународен турнир во Сараево

Охрид, 13. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одличен настап на охридските стрелци на 15-тиот Шестоаприлски Меѓународен турнир, кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Имаше околу стотина учесници од повеќе држави (Молдавија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Унгарија, Романија), како и стрелци од нашата држава. Турнирот по квалитет и организација, како и учество на стрелци од светската елита, наликуваше на Европско првенство.

Во дисциплина воздушен пиштол-јуниори Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 4-тата позиција со резултат од 531 круг на првиот натпреварувачки ден, односно на 20-тата во севкупен пласман мажи. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 5-та позиција со резултат од 526 круга, односно на 21-та од севкупен пласман мажи.

Нема достапен опис
Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ во дисциплината пиштол јуниорки ја зазеде 5-тата позиција со резултат од 534 круга, односно 9-та во севкупен пласман жени.

Во дисциплина воздушна пушка-јуниори првиот натпреварувачки ден Бојан Спасеновски се пласира на десетата позиција со резултат од 604 круга, односно на 21 позиција во севкупен пласман мажи. Кристијан Балоски заврши како 28-ми, односно 31-ви.

Нема достапен опис

Вториот натпреварувачки ден, Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос” се пласира на 14-тата позиција со резултат од 539 круга во севкупен пласман мажи. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 21-тата позиција со резултат од 506 круга во севкупен пласман мажи.

Во дисциплината воздушен пиштол јуниорки, вториот натпреварувачки ден Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ не успеа да се избори за пласман во финалето во осумте најдобри, па се пласира на десетата позиција со резултат од 519 круга.

Нема достапен опис

Во дисциплина воздушна пушка-јуниори вториот натпреварувачки ден Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на тринаесеттата позиција со резултат од 612,2 круга кои не беа доволни за пласман во финалето. Кристијан Балоски повторно заврши на заврши 28-мата позиција, информираат од Охридскиот стрелачки клуб.

Во наредниот период стрелците од Охрид ги очекува уште еден традиционален-меѓународен Турнир што ќе се одржи во Сандански, Бугарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука