ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Партии ТОП ВЕСТИ Хроника

Левица поднесе кривична пријава против Христијан Пендиков, секретар на Здружението „Цар Борис III“

Охрид, 13. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Партијата Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид против Христијан Пендиков, во својство на Генерален секретар на здружението „Цар Борис III”.

Пендиков, во интервју емитувано на 14-ти февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дава лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Имено, пријавениот во контроверзното интервју, ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека „Македонците и Бугарите се еден исти народ“.

Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност.

Пријавениот се терети дека извршил стек на кривични дела:

– Повреда на угледот на Републиката, казниво по чл. 178 од КЗ;
– Излагање на подбив на македонскиот народ, казниво по чл. 179 од КЗ;
– Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, казниво по член 319 став 1 од законот.

– Доколку се воспостави практика на несанкционирање, институционален молк и обвинителски патернализам на ваквото омаловажување и обезвреднување на основните вредноста на Република Македонија, идентитетски обележја на Македонците и чувствата на македонските Евреи, во пракса може да се предизвикаат сериозни и несогледливи штетни последици по националните интереси и безбедност во иднина, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука