Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Струшката полиција пронајде марихуана во возило на охриѓанец кај Мислешево

Струга/Охрид, 13. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2023 година, во 16:30 часот на локален пат во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го лишиja од слобода 45-годишниот Д.В. од Охрид.

– При преглед кај него и во возилото марка „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со непозната материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука