Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Повеќе од девет години не започнува градбата на хотелот на „Small Luxury Hotels“ во Охрид

Охрид, 13. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од девет години останува само ветување хотелот кој требаше да се гради на една од најатрактивните локации за градење долж охридското крајбрежје.

На парцела од околу 7.000 метри квадратни, веднаш до хотелот „Инекс Горица“ најавена беше градба на нов луксузен хотел од страна на домашната компанија „Дивелоп груп“. Објектот требаше да располага со 50 соби и 120 легла. Планирано беше вложување на околу 12 милиони евра, а првичните информации тогаш зборуваа дека хотелот ќе биде дел од меѓународниот ланец на хотели „Small Luxury Hotels“, кој во моментов е присутен во преку 70 земји од светот со над 500 хотели.

Работите на терен не се започнати. Расчистен е само теренот и направени се помали подготовки за градба, а лошите временски прилики, но и неодговорни поединци, годиниве наназад урнаа и голем дел од заштитната ограда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука