Забава Избор

Нокаут имаат нов сингл – одличната „25“ (Видео)

Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Низ годините се профилираа како една од најдобрите и најдолговечните макеодонски групи.

Одличните Нокаут имаат нов сингл наречен „25“, за кој музиката и аранжманот се дело на Дарко Димитров, кој се погрижи и за миксот и мастерингот.

Текстот е дело на долгогодишниот пријател и соработник на групата, неповторливиот Игор Џамбазов.

– После 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за вас, преку нова песна и видео спот. Да ве потсетиме на убавите ‘90-ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студија, музички емисии, бинго шоуа… „Buckle up“, времепловот кон ‘90-тите тргнува, порачаа од Нокаут, кои минатата година прославија 25 години постоење со голема турнеја низ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука