Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во февруари во Охрид издадени 13 одобренија за градба

Скопје/Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец лани.

Од нив 13 одобренија се издадени во Охрид и 56 во соседна Струга, како дел од југозападниот регион на Република Македонија. Во Охрид 8 инвеститори се физички лице, а за 5 фигурираат правни субјекти. Ќе се градат 72 станови со вкупна корисна површина од 3.959 м².

Претходниот месец, јануари 2023 година во Охрид беа издадени 52 одобренија за градба, од кои на 21 инвеститор е физичко лице, а на 31 правен субјект. Во јануари, предвидена е градба на 68 станови, со вкупна корисна површина од 5.100 м².

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 9.897.768 илјади денари, што е за 258.1 % повеќе во однос на февруари минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (56.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 108 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 45 (12.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 352 објекти, на 170 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (51.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.294 станови, со вкупна корисна површина од 97.659 м². (Крај)

извор: ДЗС фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука