Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Самодиви“, панорама на македонската поезија пишувана од жени, годинава на „Поетска ноќ во Велестово“

Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Реномираната поетска манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, во август годинава ќе го прослави својот 35. јубилеј, а ова јубилејно издание ќе биде посветено на поетесите.

– За таа цел, подготвуваме и една поопширна панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес, насловена како „Самодиви“. Приредувачи се Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, а сликата и дизајнот на корицата е дело на Никола Пијанманов, информираат организаторите.

Изданието ќе биде промовирано на отворањето на годинешната 35. „Поетска ноќ во Велестово“, на 18-ти август 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука