ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија на Via BehtelEnkalorosa

Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бројни верници денеска симболично го изминуваат Патот на болката на Исус Христос.

На Велики петок одат по патот на Исус Христос кон Голгота, наречен Via Dolorosa (Патот на болката) во Стариот град на Ерусалим. Верниците запираат на секое од местата, на кое според евангелските текстови запирал Исус Христос на својот пат.

Тие места се четиринаесет…

Нашата Македонија денеска ја чекори својата Via Dolorosa, а четиринаесетте места на кои се запиравме годиниве наназад само доведоа до денешната Via BehtelEnkalorosa. Од некогашните прашања кои не заслужуваа одговор до денешните одговори кои не заслужуваат ни прашања. За наше добро да не прашуваме, за наше добро подобро да не ги знаеме одговорите.

Почнуваме проект за наши услови на ниво на Меѓународна вселенска станица, во исто време кога не можеме авионче од хартија да направиме, а веќе имаме еден таков проект кој не можеме да го реализираме веќе 10 години.

И пак, не прашувај, за наше добро било. Дури еден од главните актери во приказната не можеше да се изначуди како не сме се радувале, додека ја пее својата лебедова песна. Прашање е само дали има доволно машни и маички за да не увери дека зад насмевката и под топлата рака на Али има место за сите…

Редоследот на местата на кои како народ подзастанувавме годиниве од подолу е случаен, може да ги додадете и менувате Вашите места на нашата заедничка Via Dolorosa:

1. Криминална приватизација
2. Телеком
3. ОКТА
4. Амнестија на Хашките случаи
5. Територијална распределба
6. Војна 2001 година и Рамковен договор
7. СЈО
8. Корупција и партии
9. ЕСМ
9. Договор Преспа
10. Криминал, дрога, убиства
11. Договор Бугарија
12. Црква
13. Судство
14. Via BehtelEnkalorosa

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука