Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за локални врнежи од дожд попладне и температура до 18. степени

Охрид, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Попладне се можни локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Во следните денови времето во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места и особено во планинските региони ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука