Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Јавна анкета и Јавна презентација на локална урбанистичко-планска документација за проект „Купи куќа за млади“, КО Охрид 4, Општина Охрид

Охрид, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став (1) од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација на локална урбанистичко-планска документација за проект „Купи куќа за млади“, КО Охрид 4, Општина Охрид.

Се организира јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект „Купи куќа за млади“, КО Охрид 4, Општина Охрид, со техн. бр. L3016 од октомври 2022 година, изработен од Агенција за планирање на просторот- Скопје

Планскиот опфат за ЛУПД за проект „Купи куќа за млади“, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4, КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2, КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП 2115, КП 2116, КП 2101/1, КП 2101/2, КП 2102, КП 2103, КП 2098, КП 2086/2, КП 2086/1, КП 2083/1, КП 2083/2, КП 2083/4, КП 2083/5, КП 2083/3, КП 2084/2, КП 2081/2, КП 2081/4, КП 2081/12, КП 3074, КП 3073, КП 3072, КП 3075, КП 3058/1, КП 3058/2, КП 2084/1, КП 2081/10 и КП 2081/9, КО Охрид 4, Општина Охрид.

– Јавната анкета ќе трае од 26-ти април до 4-ти мај 2023 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на 2-ри мај 2023 година со почеток во 10:00 часот. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13:00 до 15:00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата, информираат од Општина Охрид.

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука