Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓани на Градскиот плоштад ќе ја пречекаат Христијана Парулеска, најдобрата кадетка на Европското Таеквондо првенство

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани денеска напладне, на Градскиот плоштад во Охрид ќе ја пречекаат Христијана Парулеска, најдобрата кадетка на Европското првенство во традиционално Таеквондо во Италија.

Од Градскиот плоштад предвидено е настанот да продолжи на бината кај ТЦ „Амам“.

Христијана Парулеска од Таеквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство во Таеквондо во Италија.

Руџиеро Ланоте, организатор на Европското првенство, како претседател на Италијанската Теквон-до Федерација при EITF, лично и’ го врачи на Христијана Парулеска пехарот како освојувач на два медали во форми и борби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука