ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Фонтаната кај малиот плоштад до „Мини маркет“ повторно не работи

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Фонтаната на малиот плоштад, веднаш до поранешен „Мини маркет“ веќе подолг период наназад е во многу лоша состојба.

Фонтаната не работи и на неа се видливи оштетувања.

Мозаичната декорација на големата фонтана е дело на Никола Упевче, познат академски сликар, реставратор и конзерватор од Охрид.

Ова место е исклучително популарно кај жителите на овој дел на градот, посебно најмладите, кои се собираат, дружат и уживаат, особено во утринските и вечерните часови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука