Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, пронајдена дрога во домот на 44-годишно лице

Охрид, 29. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми април 2023 година, во 20:00 часот од полициски службеници од СВР Охрид, Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, бил лишен од слобода 44-годишниот И.Ш. од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука