Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. свештеномаченик Симеон

Охрид, 30. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17-ти април, денот кој православните верници ги одбележуваат во чест на Св. свештеномаченик Симеон.

Свети Симеон беше епископ на Персија во четвртиот век, кога во оваа земја христријаните ги гонеше царот Сапор. Царот покрај Симеон погуби уште околу илјада персиски христијани.

Свети Симеон беше погубен на крајот, откако самиот успеа да се одржи за да може до крајот да ги охрабрува останатите. Тој и многумина други пострадаа во 341 или 344 година. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука