Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските основни училишта ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна година

Охрид, 30. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските основни училишта веќе ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна година.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2017 година, а кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години.

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените, државјанство, медицинска потврда за примени вакцини, како и потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед.

Документите се доставуваат лично во училиштето почнувајќи од вторник 2-ри заклучно со 31-ви мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука