Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на улицата „Питу Гули“ во Охрид, повреден малолетен велосипедист

Охрид, 2. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јуни 2023 година, во 07:45 часот на улицата „Питу Гули“ во Охрид, патничко возило марка „Поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.

– Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука