Светски ден на велосипедите
Охрид, 3. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, ден кога се одржуваат повеќе меѓународни и локални настани за поддршка на развојот на велосипедската култура во заедницата.
Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година го прогласи 3-ти јуни за Светски ден на велосипедите.
Во Република Македонија секојдневно се’ повеќе луѓе го користат велосипедот како превозно средство, мотивирани од здравиот начин на живот, но и се’ поскапите горива, но се’ уште сме далеку од тоа да станеме велосипедска нација и да го следиме примерот на некои од поразвиените земји, каде велосипедите се речиси секојдневие во начинот на живот и нивниот превоз. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |