Забава Избор

„Утрото ќе промени се“, нов, одличен сингл на Александра Јанева

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Станува збор за една од најталентираните пејачки кај нас. Млада, храбра, автентична, со моќен вокал, со кој успеа да се избори за свое место под македонското музичко Сонце.

Се вика Александра Јанева и на своите обожаватели им го понуди својот најнов сингл „Утрото ќе промени се’“, за кој вели дека го чекал своето време повеќе од една година.

– Понекогаш е подобро да кажете не и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје. Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не и да се борам за она што е добро за мене. Затоа што кога ќе го научите тоа, ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е, вели Александра.

Песната е работена со нејзината проверена екипа. Музиката е на Лазар Цветкоски, текстот до потпишува Драган Величковиќ- Тајзи, а спотот е дело на Горан Симјаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука