Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици и наставници од Хрватска и Словенија во посета на НП „Галичица“ во Охрид

Охрид, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на Еразмус проектот „Нашите приказни се наши мостови“, ученици и наставници од ООУ „Ванчо Николески“ од Охрид, заедно со ученици и наставници од Корчула, Република Хрватска и Словенија беа во посета на НП „Галичица“, каде ја слушнаа приказната за Галичица.

– Презентирани беа природните и културните вредности во НП „Галичица“ и беа разменети искуства во однос на заштита на природата и еколошка едукација, информираат од ООУ „Ванчо Николески“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука