Забава Избор

Sarah Mace со нов, свеж вајб, песна и видео запис за „ФрЕкФеНцИјА“ (Видео)

Скопје, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката. Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, – и со желба на праг на исполнување…

Вака нашата Sarah Mace го опишува своето ново и освежувачко транспортирање на една поинаква „ФрЕкФеНцИјА“.

Енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите е забавна „мелодична четка“, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90-ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение. Новата песна на Sarah Mace веќе ја сетира и обојува новата дефиниција за колективниот вајб на забавата и на претстојниот летен период, каде љубовта е дел од секоја насмевка, танц, прегратка.

Музиката и текстот се на Sarah, а аранжманот и продукцијата на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на студиото „Брејк а Лег“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука