Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Во два угостителски објекти во Охрид затекнати 15 малолетни лица по 24 часот

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јуни 2023 година, во периодот од 00:50 до 02:20 часот, при извршени контроли по угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот.

– По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2.000 евра во денарска противвредност, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука