Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 7 лица кои управувале моторни возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јуни 2023 година, во периодот од 00:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.

– Притоа, полициските службеници затекнале 7 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои по 1 во Охрид и Струга и 5 во Кичево. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука