Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешен настап на атлетичарите на АК „Охрид“ на Купот на Македонија за сениори

Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Уште еден успешен настап на атлетичарите на АК „Охрид“, овојпат на Купот на Македонија за сениори, што се одржа во Скопје.

Клубот учествуваше со четворица натпреварувачи.

Јован Стојоски беше прв на 400 метри, а на 200 беше второпласиран. Стефан Стефановски беше најдобар во фрлање диск, додека Блаже Љушев беше трет во дисциплините 400 метри со пречки и скок во далечина. На Купот учествуваше и Искра Маџоска која за жал на трката на 100 метри се повреди и не можеше да продолжи понатаму. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука