Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Билјанини Извори“: Го спроведуваме јавниот интерес согласно одлуките на Советот на Општина Охрид

Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од политичката партија СДСМ во континуитет се покажува непознавање на работата и состојбата на јавното претпријатие, обврските кои ги имаме согласно одлуките на Советот на Општина Охрид и јавниот интерес кој ние согласно одлуките го спроведуваме. На изнесените лаги и манипулации со задоволство ќе одговориме, реагираат од ЈП „Билјанини Извори“ на изнесеното на вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ од Охрид.

– Прво, ноторна лага е дека сме ги поскапеле услугите за користење на спортските терени за нашите охридски клубови и школи. Секоја корекција која се направи во однос на користењето на спортската инфраструктура е направена за спортските правни субјекти кои не се дел од територијата на Општина Охрид. Корекциите кои се многу мали се направени согласно пазарните цени на поширокиот регион и согласно сите поскапување кои Вие и Вашето државно раководство ни ги донесовте во однос на одржување и стопанисување со спортските терени. За првпат благодарејќи на Општината Охрид охридските спортски клубови, охридскиот јавен интерес, имаат неограничена можност за користење на спортските терени со кои ние стопанисуваме. Тие се комплетно субвенционирани што не беше случај во минатото. ЈП „Билјанини Извори“ апелира до СДСМ Охрид малку да излезат од своите канцеларии, да ги посетат спортските терени и да разговаараат со охридските клубови корисници на нашите услуги за да видат кој и кога искрено го поддржувал охридскиот интерес преку спортските клубови и школи. Второ, со одлука на Советот на град Охрид, број 08-4086/60 од 28. 04. 2021 година, потпишана од Вашиот сегашен координарот на Советот, тогашен претседател на Советот, Живка Ангелоска, ние како претпријатие добивме на времено користење, стопанисување и одржување на недвижен имот-градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти, нашето охридското градско пристаниште. Ние согласно таа одлука мораме да постапуваме и во таа насока и работиме притоа почитувајќи го охридскиот интерес и интересот на јавноста. Ноторна лага е дека сме забраниле пристап на граѓаните до градското пристаниште за време на ноќните часови. Самите граѓани, гостите секојдневно се уверуваат дека тоа не е вистина и многу ни е жал што со Вашите изјави само го манипулирате јавниот интерес и имиџот на градот за кој наводно толку се залагате. Трето, за Ваша информација ЈП „Билјанини Извори“ согласно одлуките на Советот тековно месечно не испорачува давачка/и кон граѓаните така што ноторна лага и манипулација е дека ние ги зголемуваме давачките кон граѓаните. Ние како претпријатие овозможуваме услуги за граѓаните кои не се облигациони и кои се користат само и само доколку граѓанинот така одлучил. Инаку доколку сакате да Ве потсетиме кој и колку ги зголемил давачките кон граѓаните, кој се задолжителни пред се, ќе ни требаат уште неколку соопштенија. Затоа престанете да ја манипулирате јавноста и започнете конечно да работите во интерес на јавноста за која повторно ќе Ви речиме толку многу се залагате. Четврто, не обвинувате дека сме носеле соломонско решение со спроведувањето на постапка за изведба на сопствен систем за водоснабдување во СРЦ „Билјанини Извори“. Да, носиме и тоа соломонско решение на јавното претпријатие ќе му донеси заштеда од 4 милиони денари на годишно ниво и според нас требаше многу порано да се уреди. Со исто или слично соломонско решение поврзано со потрошувачката на електричната енергија ние успеавме во една година за 70% да ја намалиме потрошената електична енергија. Петто, пајак службата била дополнителна давачка за граѓаните, била привелигија за нас. Секое претпријатие во Македонија во светот кое стопанисува со јавни паркинг простори има или мора да има пајак служба, и пред сѐ тоа е во насока на нормалното тековно функционирање на паркинг просторот со којшто сопанисуваат. Таа била давачка за граѓаните, да за несовесните и за оние кои го злоупотребуваат јавниот интерес и кои сакаат да се привилигирани. Паркинзите се јавна површина и секој оној кој ја злоупотребува јавната површина и со тоа јавниот интерес ќе биде санкциониран. И сега на крај да ве прашаме кога веќе говорите за привилегии и јавниот интерес, дали има поголема привилегија од страна на Општината Охрид и Државата во време на Вашето раководење со ЈП „Билјанини Извори“ да толерираат или привилегираат континуирано не плаќате на ДДВ или да толерираат да доставувате лажни квартални и годишни извештаи или да толерираат непостапување на менаџментот на ЈП „Билјанини Извори“ согласно одлуките на Управниот одбор на претпријатието и согласно одлуките на Советот на град Охрид, реагираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука