Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 24. степени

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно, од пладневните часово на места нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од утре кон деновите од викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука