Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Охрид, 18. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски.

Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера.

На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж.

Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука