Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Минатата година во Охрид починале 741 лица

Охрид, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во 2022 година во Охрид се евидентирани 741 починато лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број 386 биле мажи, меѓу нив и едно доенче. 665 лица биле лекувани пред смртта, а 379 починале во здравствена установа.

Споредено со претходните две години, лани имало помал број починати лица. Во 2021 година вкупниот број бил 846, меѓу кои две доенчиња, а во 2020 година починале 761 лица, повеќето мажи.

Инаку Охрид и 2022 година, како и претходните две ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првите три месеци беше најголем, -163, а најмал во третото тромесечје кога беше -37.

На државно ниво, лани имало 22.459 лица што е намалување за 21.2 % во однос на претходната година. Поголемиот број биле од машки пол. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.5 година, односно 75.8 години кај лицата од женски пол. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука