Забава Избор

Dj Face во сабота, на 24. јуни во клуб Rebel

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата на број 1 подиумот во Охрид – клуб Rebel, овој викенд продолжува со настапот на одличниот Dj Face, во сабота, на 24-ти јуни 2023 година.

Важи за број 1 RBN & Hip Hop Dj во државата. За неговите забави секогаш се бара билет повеќе, а зад себе има сериозно искуство и настапи во најдобрите клубови во државата, но и надвор од неа. Испорачува свеж музички избор и има одлична техника и чувство за публиката. Dj Face има и сопствено радио шоу „Hip Hop Don’t Stop“ на охридското Супер радио, секоја среда од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука