Забава Избор

Luminate: Неверојатни 120.000 нови песни се објавуваат секој ден на музичките платформи за стриминг

Охрид, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новиот извештај на компанијата за податоци Luminate открива дека неверојатни 120.000 нови песни се објавуваат секој ден на музичките платформи за стриминг.

Бидејќи споделувањето музика е полесно од кога било досега, се’ повеќе луѓе користат стриминг услуги за објавување на својата работа, се тврди во извештајот. Како што пишува We Rave You, Luminate открива дека засклучно со првиот квартал од годината се објавени 10,8 милиони песни.

Само на Spotify до крајот на годината се очекува да се објават повеќе од 43 милиони нови песни. На почетокот на оваа година, Spotify стана првиот музички сервис кој надмина 200 милиони платени претплатници, а на 31-ви декември 2022 година тој достигна 205 милиони корисници во пораст од 14% од годишно ниво. Неверојатни бројки кои совршено го отсликуваат новото време кое тропа на вратата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука